Home » , » Зошто Џавејл МекГи е најскапо платената резерва во НБА лигата?

Зошто Џавејл МекГи е најскапо платената резерва во НБА лигата?

Written By Anonymous on 21.1.13 | 12:56

Кога Џавејл МекГи (24) стигна во НБА лигата во 2008 година, првите неколку сезони важеше како исклучетлна личност која го пополнува просторот во емисијата “Shaqtin' a fool“ на ТНТ телевизијата која ја водат поранешните НБА кошаркари Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит.

Клиповите со разноразни “глупости“ кој на теренот ги изводуваше центарот на Денвер во текот на првите 4 сезони станаа негов заштитен знак. Првото признание стигна дури лани кога одигра добар натпревар во серијата против Лејкерси кога даде 21 поен и фати 14 скока.

“Ова е прв пат да видам некој да успее да ги победи Пау Гасол и Ендру Бајнам во некоја плејоф серија.“ - рече Кени Смит. Со неговата оценка се сложи и Чарлс Баркли:

“Мислам дека Џавејл е единствениот центар во НБА лигата, покрај Двајт Хауард, кој може да скока толку и да има такви физички предспособности.“

Да, тоа беше блескав момент во кариерата на овој дечко. На момент покажа зошто е избран како 18. пик во првата рунда и целиот свој потенцијал го покажа на виделина. Барем за момент не беше на мета на разноразни прозивки на сите што ја пратат НБА лигата. Меѓутоа, во Денвер и натаму чекаат да дојде вистинскиот момент кога Џавејл МекГи ќе игра стандардно добро.

За сега, тој и натаму е играч кој шанса добива од клупата и кој на теренот поминува околу 20 минути. Едно е сигурно, навивачите сакаат да видат повеќе од овој играч. И целовкупната јавност исто така. Сепак, МекГи ужива во големата верба од страна на Џорџ Карл и цел стручен штаб.

“Во текот на минатата сезона играше по 20-тина минути. Мислам дека е време да добие поголема минутажа, некаде околу 25 минути. Тоа би требало да биде доволно за да покаже колку напредувал.“ - вели Џорџ Карл.

Денвер го ангажира Џавејл МекГи минатата сезона во трејд во кој го изгубија долгогодишниот центар Нене. Набрзо по тоа МекГи доби нов, 4-годишен договор вреден 44 милиони долари. Овој договор, според многу, го доби поради одличните партии со Лејкерси, кога покажа колку вреди.

Без никакви дилеми, МекГи до сега ги покажа своите атлетски способности, може добро да скока, да блокира, да дава поени, да забива и се друго што еден добар центар би требало да го работи. Меѓутоа, на пола од оваа сезона во дресот на Денвер МекГи и натаму е негде на исто ниво како што беше играч кој ги пополнува дупките, играч кој на теренот е околу 18 минути.

“МекГи сеуште е играч кој расте, и тоа го прави тој. Дел од тоа созревање значи и смалената минутажа и седење на клупата.“ - вели помошникот на Нагетс, Мелвин Хант.

Сепак, цифрите на неговиот договор јасно покажуваат дека МекГи би требало да игра многу повеќе од 18 минути по натпревар. Поточно, во целата лига од 55 играчи кој во текот на сезоната заработуваат повеќе од 10 милиони долари само 11 од нив седат на клупата и имаат повремена улога на стартер, а само двајца играчи, поточно Ричард Џеферсон од Голден Стејт и Кори Мегети од Детроит играат помалку од МекГи. Покрај тоа, двајцата се ветерани.

Меѓутоа, франшизата на Денвер не ги жали парите. Челниците на овој клуб сакаа да сметаат на МекГи во секој момент. Поточно, МекГи бараше 2 - годишен договор, а челниците на Нагетси инсистираа тој да биде 4 - годишен. Секако, играчот се согласи. Што се однесува до него, тој само сакаше да игра за клуб кој оди во плејоф, гледајќи дека со Визардс немаше таква можност.

Иако игра по 18 минути, многу помалку од тоа што играат играчите со слични примања, Џавејл МекГи инистира на тоа да игра во Денвер. Иако има скратена минутажа, тој е еден од најдобрите блокери во НБА лигата со просек од 2 блокади по натпревар. Исто така, покрај слабата минутажа, дава по 10тина поени и фаќа околу 5 скока по натпревар. Со сето тоа шутира и 53% од поле.

“Јас овде сум да му помагам на тимот, да победиме. Дефинитивно сум благословен што сум со тим кој има победнички менталитет. Се додека победуваме, јас не смеам да се жалам. За ништо.“ - вели МекГи.

Токму овој став на МекГи наиде на одобрување кај челниците на клубот. Со таквиот став ГМ на Нагетси е задоволен од својот центар. Но Масај Ајури ни малку не притиска кон секторот на клубот за поголема минутажа.

“МекГи ја пронајде улогата во овој систем. Тоа што е одреден играч и што добива голе, договор не значи дека мора да стане стартер. Мило ми е што МекГи не ни вели:’Мораме да играме вака, морам да бидам стартер.’ Мислам дека е стрплив. И тоа е навистина добро од негова страна.“ - смета Ајури.

Меѓутоа, кога се разговара со челниците на Нагетси на тема Џавејл МекГи, терминот “стрпливост“ дефинитивно спаѓа во еден од оние најчесто велени. Кога и да доживее просветлување во НБА светот. МекГи во текот на изминатото лето работеше со еден од најдобрите центари во историјата на НБА лигата - Хаким Олајџуван. Нешто после тренингот, Хаким беше воудушевен од МекГи и рече:

“Нема сомнеж, Џавејл ќе биде суперѕвезда. Овој човек ке доминира со НБА лигата. Тој е голем талент. Кога дојде да вежба со мене, веќе беше школуван, поседуваше одлични покрети. Му покажав се што знам. Мислам дека апсолутно е спремен да доминира со лигата.“ - смета легендарниот Хаким.

Сепак, Џавејл и натаму е на клупата за резерви. А она што е и можеби главна причина затоа што игра од клупата е неговиот бурен темперамент. Според зборовите на Џорџ Карл, не постои начин на кој стручниот штаб на Денвер можел да го награди играчот поради тоа што е мрзелив и луд. Таквите работи не се наплаќаат.

Она што го сакаат Нагетси е тоа Џавејл да биде, да наликува на Тим Данкан, а помалку на Латрел Спирвел.

“Мора да разбере дека неработата не се цени. Тоа не е ниту детски, ниту лудо однесување. Таквите работи не спаѓаат во професионалниот спорт. Ние сакаме стабилна личност на која може да се потрпреме. Понекогаш играчите го прават тоа, но понекогаш не. Не сакаме да го силиме, ќе видиме што ќе биде.“ - вели Џорџ Карл.

Значи, се додека тоа не се случи, Џавејл МекГи ќе остане една од најскапите резерви во НБА лигата...

0 comments:

Post a Comment