Home » , » Уште еден милионер пробува да ги откупи Кингс со цел тие да останат во Сакраменто

Уште еден милионер пробува да ги откупи Кингс со цел тие да останат во Сакраменто

Written By Unknown on 26.1.13 | 18:29

Нов милионер покажува интерес да ја откупи фрншизата Сакраменто Кингс, но со цел тие да останат во Сакраменто.

Милионерот по име Рон Баркли имал состанок со комесарот на лигата Дејвид Стерн во канцелариите на НБА во Њу Јорк. Освен дека состанокот бил двочасовен, немаше други подетални информации на оваа тема.

Бизнисменот од јужна Калифорнија е веќе сопственик на тимот на НХЛ лигата Питсбург Пингвинс, а од извори блиски до ситуацијата кажуваат дека Баркли бил доста загреан за да го откупи овој тим. 

Браќата Малуфс, кои беа сопственици на Сакраменто Кингс потпишаа договор со група на бизнисмени од Сиетл, кои тимот ќе го префрлат во Сиетл и ќе го вратат името на СуперСоникс. Кингси моментално се во посед на НБА лигата и Дејвид Стерн, кои мора да го потврдат тој договор, пред тимот да се префрли во Сиетл наредната сезона. 

Кингси сеуште се во Сакраменто и ќе бидат барем до крајот на сезоната, се додека не се појави некоја понуда подобра од онаа на купците од Сиетл. НБА лигата има право да го наруши договорот кој е во тек и да му ја додели франшизата на Кингси на купецот кој ќе понуди најдобра цена. Теоретски, шансите за Кингси да останат во Сакраменто се сеуште доста добри, особено и со притисокот кој го врши и поранешниот Ол-Стар играч на НБА лигата Кевин Џонсон. 

0 comments:

Post a Comment