Home » , » Делонте Вест се враќа во Д-Лигата; Кјубан вели дека Вест нема да заигра за Далас

Делонте Вест се враќа во Д-Лигата; Кјубан вели дека Вест нема да заигра за Далас

Written By Unknown on 26.1.13 | 18:53

Иако нудеше солидни 9.6 поени по натпревар минатата сезона за нив, Далас Маверикс не ја продолжија соработката со Делонте Вест, а и никој друг тим не му понуди договор за оваа сезона.

Па за да докаже дека сеуште игра во НБА форма, Вест потпиша со тим од Д-Лигата. Но за работата да биде уште поирончна, тој ќе игра за Тексас Леџендс, тим кој во Д-Лигата е контролиран од Далас Маверикс. 

На Маверикс дефинтивно им е потребна длабочина на бековската позиција, а Вест би можел да ја пополни таа дупка. Но, Марк Кјубан не ја гледа таа опција пред себе.

“Тоа нема да се случи. Делонте нема да заигра за Далас повторно. Но тоа не значи дека ние не го сакаме него и ете преку тимот од Д-Лигата му нудиме можност повторно да се врати во форма. Всушност не е вредно да зборуваме за тоа моментално.“ - изјави Марк Кјубан.

0 comments:

Post a Comment