Home » , » Во која насока ќе продолжат Селтикс без Ражон Рондо?

Во која насока ќе продолжат Селтикс без Ражон Рондо?

Written By Unknown on 28.1.13 | 17:08

Веќе пренесовме дека Ражон Рондо веќе нема да заигра за Селтикс оваа сезона, како и на почетокот на наредната. 

Па после оваа трогателна вест, можеме да се запрашаме нешто: Дали ова конечно е крај на ерата на Гарнет и Пирс во Бостон Селтикс? Сето ова време се запрашувавме кога Пол Пирс и Кевин Гарнет ќе ја преминат границата на старост после која неможат да бидат лидери на еден тим, па после повредата на Рондо, тој одговор може да се види низ магла. 

Веќе неколку пати измнативе години сфаќаме дека и покрај остарениот талент околу кој овој тим е изграден, Селтикси никогаш не треба да бидат исфрлени од конкуренција. Искуството, емоциите и талентот минатата сезона ги однесе длабоко во плејофот, но дури и пред тоа да се случи, по изразот на очите на играчите во зелено можеше да се види дека тие сеуште нема да се откажат. Како што Пирс и Риверс тоа го направија, секој Селтик ќе ви каже дека тие можат да се справат со секој тим на истокот, вклучувајќи ги и Мајами Хит. 

“Вие можете да го напишете тестаментот. Но јас нема тоа да го сторам. Барем не сеуште.“ - Док Риверс.

Селтикси составија трио од играчи кои беа на залезот од својата кариера и веруваа во нив дека тие ќе освојат се. Тоа се случи многу брзо. Во првата година од ерата на Големата Тројка во Бостон, Селтикси ја освоија шампионската титула и беа на чекор од освојување на истата уште 2 пати во наредните 4 години. Дури и по заминувањето на Реј Ален, постоеја надежи во Бостон се додека не откажа коленото на Ражон Рондо, нешто што се случи пред малку време. 

Нивната одбрана веќе не е доминантна како што знаеше да биде, а нападот е премногу зависен од "остарени" шутери, кои сега своите шутеви ќе треба да ги наоѓаат дури и без човекот кој асистираше на повеќе од половина од нивните шутеви додека беше на теренот. Знаете за кого станува збор. И после овие неколку разочарувачки заклучоци, треба да се постави уште едно прашање: Кога Ражон Рондо ќе се врати од повредата наредната година, дали тој ќе се најде на истиот тим кој е само една година постар, или пак своите 10+ асистенции по натпревар ќе ги разделува на сосема други играчи во зелена униформа? 

Нивната иднина беше под знак прашалник дури и пред Рондо да го искине лигаментот на десното колено доцна во 4/4 од натпреварот против Атланта Хокс. Но Рондо си е Рондо, па тој остана на паркетот и за следните 10 минути (2 продолженија), а дојде и во ТД Гарден очекувајќи да игра против Мајами Хит. И додека сите беа фокусирани за враќањето на Реј Ален во Бостон, Рондо направи преглед во градската болница, каде што беше утврдено нешто од што сите се плашеја. Подоцна најлошите стравови беа потвредени и веќе никој во Бостон не беше загрижен дали Ален ќе биде иссвиркан или не. 

Сите играчи на Бостон кажуваа дека ќе се трудат да ја пополнат дупката што ќе ја остави Рондо и морате да им верувате, затоа што секој пат кога ќе бидат отпишани порано отколку што треба, тие ве прават буквална будала и го докажуваат токму спротивното. 

“Знаеме дека можеме да се справиме со било кого, благодарение на тимот кој што го имаме моментално. Дури и без Рондо.“ - изјави Пол Пирс по победата над Мајами Хит, во натпреварот во кој Рондо не играше за прв пат по неговата повреда. 

“Ние сме храбри и борбени и никогаш нема да се откажеме. Ќе излеземе на теренот секоја ноќ и ќе го дадеме најдоброто од нас за да победиме.“ - изјави Џеф Грин.

Со победата над Мајами Хит од 100-98 по две продолженија, ни прикажаа едно дебело потсетување за тоа колку тврдоглави и прилагодливи играчите на Селтикс можат да бидат. Секако, без Рондо, Селтикс го одиграа натпреварот на соништата според Дени Ејнџ. Вака требаше да функционира составот од играчи кој што го надгради Ејнџ минатото лето. Пол Пирс оствари трипл-дабл, Гарнет играше како на 26 години, а внимавајќи на ЛеБрон, Џеф Грин играше како да е играч за во првата дефанзивна петорка на лигата. За разлика од другите натпревари (најчесто порази) низ сезоната, тие упатија внимание кон малите детали што ја одвојуваат победата од поразот. 

“Сеуште ми се допаѓа овој тим. Повредата на Рондо е голема болка за нас, но кога нешто вакво ќе се случи со нас, некој ќе пронајде некого што на теренот ќе игра одлично. Јас немам поим кој тоа ќе биде, но некој мора да направи чекор нанапред. - изјави Док Риверс по победата над Мајами Хит. 

Но и покрај најважната победа во сезонава за Селтикс, тие сеуште се два натпревара во негатива (под .500), а тоа се справуваат веќе половина сезона. Селтикси имаат талент, кој да бидеме искрени моментално не го доживува врвот на својот потенцијал, но дури и без Рондо тие ќе најдат начин да ја повторат играта од победата против Мајами на што повеќе шанси колку што е можно, а доколку навистина играат така тоа често ќе значи победа за нив. Моментално тие имаат рекорд од 20-22 и се наоѓаат на осмата позиција, а шансите да испаднат од моменталната плејоф позиција се мали, со оглед на тоа дека источната конференција е преслаба оваа сезона. 

Дени Ејнџ си е Дени Ејнџ и како што се наближува крајот на преодниот рок, тој сигурно ќе повлече некои потези, со цел да ја поклопи празнината на Ражон Рондо. Но реалните факти кажуваат дека Бостон нема многу простор за доведување на поквалитетни играчи, како и понудување на сериозни плати за тие играчи. Додавањето на уште еден бек нема да ги поправи нивните главни доблести, што моментално се постигнување на поени во рекетот и скоковите. 

Теоретски, тие можат да трејдуваат Пол Пирс, кој е во последната година од договорот во која ќе заработи уште 4 милиони долари. Но со која цел? Нема таков спасител што ќе биде доведен преку трејд и ќе ја превземе палката на Рондо, а бројот на тимови кои што се откажуваат од високите пикови на драфтот е се помал. Дени Ејнџ не е сентиментален човек кој ќе жали за трејдувањето на легендата на својот тим, но таков договор нема да го спаси неговиот тим. 

“Победивме против Мајами и мислам дека ќе останеме да играме на овој начин, со што евентуално би победувале. Мислам дека неможеме да одиме никадр другде.“ - додаде Док Риверс.

0 comments:

Post a Comment