Home » , » Брук Лопез го менува Ражон Рондо на Ол Стар натпреварот

Брук Лопез го менува Ражон Рондо на Ол Стар натпреварот

Written By Anonymous on 31.1.13 | 13:12


Кошаркарот на Бруклин Нетс, Брук Лопез е именуван за замена на Рондо на Ол Стар натпреварот во Хјустон, на 62. натпревар на Ол Стар изданието.

Центарот н Бруклин Нетс беше назначен за замена на Рондо од комесарот на НБА лигата, Дејвид Штерн. Како што знаеме Рондо ги скина лигаментите на коленото и ќе паузра нешто повеќе од пола година.

Лопез по 45 одиграни натпревари оваа сезона за Нетс има просек од 18.6 поени и 7.3 скока, и овие бројки ќе му го припремат настапот на највеличенствениот натпревар во НБА лигата.

Да споменеме дека 62. издание на Ол Старот ќе се игра во “Тојота Центарот“ во Хјустон, а во живо ќе може да се следи во 215 држави и тоа на 47 јазици.

0 comments:

Post a Comment