Home » , » Кармело Ентони ја пишува историјата со Никс

Кармело Ентони ја пишува историјата со Никс

Written By Anonymous on 31.1.13 | 13:24


Тимот на Никси вчера во МСГ триумфираше над Орландо Меџик со резултат од 113-97. Новата победа на Никси остана во сенка на рекорд на франшизата кој ја постави Кармело Ентони.

Имено, Мело стана првиот играч на Њу Јорк кој после 30 натпревари во низа давал по 20 или повеќе поени. Вчера застана на токму оваа цифра, 20. По мечот тој рече дека имал зошто да биде задоволен:

“Кога прв пат дојдов во клубот, реков дека ќе бидат потребни најмалку 3 години за да направам нешто големо. Сега сум две сезони во клубот, а свесен сум дека резултатот нема да дојде преку ноќ. Оваа година играме со доста осилација, има и подеми и падови, но се ми мириса дека нешто големо ќе се случи. Сјајно е тоа што имам шанса да играм заедно со Тајсон и со Амаре. Кога сме сите тројца на паркетот, мислам дека можеме да играме добро на двата краеви на теренот.“

вели Мело, а потоа се сврте на новиот клупски рекорд:

“Секоаш е забавно кога имате шанса да изедначите или да поставите нов рекорд. Вечерва имав шанса да поставам еден. Тоа ви дава додатна мотивација на теренот затоа што имате секогаш една цел, да бидете подобри. Рекордите постојат за да бидат срушени“,

вели Мело кој шутираше 8-17 од игра. Солиден учинок имаше и Амаре од клупата кој даде 14 поени и имаше 4 скока.

“Имавме одлича трета четвртина. Игравме сјајно во одбраната. Тоа ни донесе можност да играме смирено во нападот и да се трудиме во дефанзивата. Секогаш кога противниците го удвојуваат Кармело, тоа ни носи предност да погодуваме отворени шутеви“,

вели Стадемаер, кој погоди 7/7 од игра. Центарот на Никси Тајсон Чендлер, оваа сезона е еден од најпревцизите играчи во НБА, шутира дури 61% од поле, а вчера беше нешто подобар погодувајќи 10/11.

“Почувствував дека ова може да биде моја вечер, сакав од стартот да влезам во добар ритам и тоа ми поје од рака. Веќе неколку натпревари се чувствував дека можам да допринесам повеќе, во нападот, бев агресивен и се исплати“,

вели Чендлер. Никси оваа сезона дури по 3 пат славеја над Орландо.

0 comments:

Post a Comment