
Пејсерси ниту сакаа да ги откријат деталите од договорот кои му ги понудиле на тренерот, кој последните две сезони го носи тимот во плејофот. Вогел во 2011та година го наследи Џими О’Брајан на тренерското столче, и одтогаш е на скор од 62-38.
Предминатата сезона Индијана беше поразена во првиот круг во плејофот од Булси со 4-1, а минатата сезона во полуфиналето загубија од Мајами со 4-2.
Оваа сезона моментално Индијана е второпласирана во Централната Дивизија, со 20-14 скор, додека Чикаго е прв со 19-13.
Вкупно гледајќи ја Источната конференција, Пејсерси се моментално 5ти тим во конференцијата и тоа без најдобриот стрелец во последните пет сезони – Дени Грејнџер.
“Воспоставивме одличен контакт сите заедно во клубот изминатите сезони. Важно е да продолжиме со ваква работа и резултатите ќе дојдат“,
рече Вогел.
0 comments:
Post a Comment