
“Никогаш нема да најдете таков тандем. Можеби има тандеми кои биле подобри од нас пр. Пипен и Џордан, но никогаш нема да најдете таков тандем со две доминантни личности. Тоа се случува еднаш во животот, неверојатно е што толку долго потраја. Двајцата сме алфа мажјаци, не беше можно да опстанеме заедно. Замислите да го ставите Џордан со Чемберлејн? Невозможно“,
вели Коби.
Брајант ја откри и преломната точка во нивниот однос.
“Голем проблем беше за мене кога Шек во интервју за ЕСПН рече дека не можам да победувам без него. До тогаш се беше во ред од моја страна, но тогаш е повлечена линијата. Јас многу се жртвував за тимот, многу индивидуални признанија, на пр. тимовите од Истокот тогаш (2000, 2001, 2002) воопшто немаа добри центри и во финалето секогаш одевме на Шек“,
смета Коби.
Брајант познат по своите самољубни изјави, призна дека и тој имал свој сомнеж.
“На сите им се случува тоа, и јас сум човек како и сите други. Сепак, мислам дека од другите се разликувам во реакцијата кон тоа - не дозволувам сомнежот да ме совлада, го гледам во лице, се борам со сомнежот и можам да го победам“,
вели за крај Коби.
0 comments:
Post a Comment