Home » , » Лејкерси одржаа итен состанок и заклучија: Распаѓање на системот

Лејкерси одржаа итен состанок и заклучија: Распаѓање на системот

Written By Anonymous on 24.1.13 | 17:20


Пред наптреварот со Мемфис екипата од Лос Анџелес одржала тимски состанок како би се решиле проблемите што ги има во играта на Лејкерс. На состанокот збореле сите играчи и тренерот ДиАнтони пробувајќи да сватат што точно се случува и која е причината за срамните резултати. 

“Се надевам дека овој состанок ќе биде добар за тимот. Тоа беше и причината за нашиот разговор, сакаме да тргнеме напред и се надевам дека ова беше првиот чекор. Моментално сме на дното и време е да станеме и да играме како што можеме. На сите ни е јасно дека нешто не е во ред, па затоа сакав да поразговарам со играчите да ги прашам што ги мачи и да ги решиме сите проблеми“ - изјави тренерот на Лејкерс Мајк ДиАнтони.

Хауард пак изјави - “Во никој случај не ми смета да играм со Коби во ист тим. Во иднина мораме да играме многу подобро и што е најважно да играме заедно“.

Неш пак за овој состанок изјави - “Мислам дека е добро што ја имавме оваа прилика да се погледнеме во очи и да поразговараме за се. За жал, вечерва пак изгубивме и останавме без Двајт, но верувам дека овој разговор ќе ни помогне“.

“Ги прашав момците: Дали некогаш сте гледале Ол - Стар наптревар? Јас да. Тоа е ужасен кошаркарски перформанс. И тоа само што сите играчи на теренот сакаат да ја добијат топката и сите сакаат да се покажат во 1 на 1 играта. Одбраната ја нема. А тоа е и сликата на нашиот тим. Ние сме Ол - Стар тим без никаков ред. Имаме еден играч кој сака да е прв, имаме двајца, четворица...“ - изјави ДиАнтони.

Тимот од градот на Ангелите е во огромна криза во моментов. Лејкерси моментално имаат скор од 17 победи и 25 порази и се наоѓаат на 12 место во Западната конференција.

0 comments:

Post a Comment