Home » , » Форбс: Никси ги прескокнуваат Лејкерси и стануваат највреден НБА тим

Форбс: Никси ги прескокнуваат Лејкерси и стануваат највреден НБА тим

Written By Anonymous on 24.1.13 | 15:17


Покрај што ја објавивме листата на играчи кој најмногу заработуваат во една сезона, сега исто така ќе ви ги претставиме највредните НБА тимови, според новите истражувања на “Форбс“. На прво место се Никси чија вредност се проценува над една милјарда долари.

Минатата година на самиот врв беа Лејкерси, но оваа година ги заменија Никси. Се проценува дека вредноста на Никси изнесува 1.1 миларда долари, а вредноста на Лејкерси околу 1 милјарда. Причината поради тоа што се Никси се први е тоа што реновациите во нивниот “дом“ беа успешни. Станува збор за Медисон Сквер Гарденот, веројатно најпознатата спортска арена во светот.

Иако минатата сезона беше скратена поради локаутот, тоа не им наштети на франшизите на тимовите. Напротив, тие во просек вредат околу 30% повеќе од минатата сезона. Во конкретни бројки тоа значи дека во просек еден НБА тим вреди околу 509 милиони долари.

На дното на листата се наоѓаат Милвоки Бакси со вредност од “само“ 312 милиони долари. Комплетната листа можете да ја погледнете подолу.

Вредности на НБА екипите
(изразени во амерички долари)

1. Њу Јорк Никс - 1.1 милјарди
2. Л.А Лејкерс - 1 милјарди
3. Чикаго Булс - 800 милиони
4. Бостон Селтикс - 730 милиони
5. Далас Маверикс - 685 милиони
6. Мајами Хит - 625 милиони 
7. Хјустон Рокетс - 586 милиони
8. Голден Стејт Вориорс - 555 милиони
9. Бруклин Нетс - 530 милиони
10. С.А Спарс - 527 милиони
11. Сакраменто Кингс - 525 милиони
12. Оклахома Сити Тандер 475 милиони
13. Феникс Санс - 474 милиони
14. Орландо Меџик - 470 милиони
15. Портланд Траил Блејзерс - 457 милиони
16. Кливленд Кавалирс - 434 милиони
17. Јута Џез - 432 милиони
18. Л.А Клиперс - 430 милиони
19. Денвер Нагетс - 427 милиони
20. Филаделфија Севенти Сиксерс - 418 милиони
21. Торонто Репторс - 405 милиони
22. Детроит Пистонс - 400 милиони 
23. Вашингтон Визардс - 397 милиони 
24. Индијана Пејсерс - 383 милиони
25. Мемфис Гризлис - 377 милиони 
26. Минесота Тибервулвс - 364 милиони
27. Њу Орлеанс Хорнетс - 340 милиони 
28. Атланта Хокс - 316 милиони
29. Шарлот Бобкетс - 315 милиони
30. Милвоки Бакс - 312 милиони

0 comments:

Post a Comment