Home » , » Дали Лејкерси конечно ја открија формулата за победа?

Дали Лејкерси конечно ја открија формулата за победа?

Written By Unknown on 28.1.13 | 21:33

Во натпреварот кој со нетрпение се очекуваше за да се види до каде се Лејкерси и како стојат со еден од главните фаворите на Западот и кој може да претставува пресвртница и спас на сезоната, Лејкерси конечно победија еден претендент за титулата. 

Но не е самата победа што ги радува фановите на Лејкерси, туку начинот на кој е остварена. Тим кој во својот ростер има такви поединци какви што има моментално тимот од Холивуд не смее да цели под пласман во големото НБА финале, а според она што го играа и прикажаа во досегашниот дел од сезоната и самиот пласман во плејофот е доведен во прашање, што доколку се оствари би претставувале најголемо разочарување не само во НБА и во светот на кошарката, туку општо во историјата на тимските спортови. Затоа и толку силно одекна оваа победа во круговите на НБА.

Во новите Езерџии, Брајант е тој кој асистира, а не Стив Неш. Брајант е тој кој ги проигрува своите играчи и остварува асистенции. Брајант е диригентот на играта, тој ја превзема улогата на асистент, а не шутер каков што го знаеме. Брајант ги искористи скоро сите удвојувања и им асистираше на своите соиграчи и комплетно го надигра својот чувар Сефолоша, како во нападот така и во одбраната.

Друг исто така доста важен фактор е играта на резервистот Пау Гасол. Наместо да се гушат во нападот со Хауард, сега Гасол влегува од клупата и дава свој придонес и во нападот и во одбраната и е доста ефикасен, за што зборуваат и бројките. И двајцата сега добиваат солиден број на шутеви под кошевите.

Секој пат кога Коби беше удвојуван тој ги разигруваше Кларк и Мета Ворлд Пис кои имаа отворени шутеви и доколку се одлучат да не ги искористат тогаш го проигруваа или Неш или Хауард. Еден играч во секој случај останува слободен поради тоа што најмалку двајца го чуваат Брајант. Можеби вака поставено изгледа прилично едноставно, но тука се наметнува прашањето дали може Брајант да игра во ваков стил во продолжение на сезоната и ако игра до кога?

Коби е еден од најдобрите шутери во историјата на НБА и тој инстинкт секако дека преовладува во него, па прашање на време е кога ќе надвладее. Многу често сме го гледале Брајант како има над 20, па дури и 30 шутеви во некој натпревар, а сега има повеќе асистенции од број на упатени шутеви, што е вистинска реткост за него. Но доколку и да продолжи да асистира тогаш и противничките тимовите ќе играат поинаква одбрана што повторно бара нова план во играта на Лејкерси. Останува да видиме како и во кој правец ќе се движи играта на Лејкерс. Не само дали ќе победуваат туку и како ќе победуваат, затоа што доколку сакаат да изборат пласман барем во првата рунда од плејофот ќе им требаат голем број на победи кои бараат играње со план, а не игра на поединци.

0 comments:

Post a Comment