
Ниту Стадемаер не се прослави, постигна дури 6 поени и 1 скок за 16 минути на паркетот, а неговите Никси загубија од Блејзерси со резултат од 100-105. Една од неговите најголеми критики е дека не знае да игра одбрана. Тој одговори на ова прашање, индиректно обраќај им се на своите поранешни тренери
“Никогаш никој не ме научи да играм одбрана“,
вели Стадемаер, а тој коментар најмногу се однесува на тренерот Мајк ДиАнтони кој го тренираше 5 сезони во Феникс и едни и пол во Њу Јорк.
“За прв пат во кариерата, тренерот ми е стручњак за одбрана и мислам дека тоа добро ќе ми дојде“.
Стадемаер додека не се опорави и да влезе во форма ќе влегува од клупата, а вели дека не му е проблем да го прифати тој предизвик. Прашањето е само дали ќе продолжи вака до крајот на сезоната, бидејќи како “четворка“ Кармело се снаоѓа одлично.
“Го прифаќам тоа како предизвик на кој со задоволство ќе се позабавувам“,
вели Стадемаер за “NY Dailu News“. А својот коментар за нешто полошите натпревари во последно време даде и Мајк Вудсон.
“Голема е разликата во однос на почетокот на сезоната и последните три дена. Малку попуштивме и не сме сконцентрирани на играта. Сето што го барам од играчите е кога ке го облечат дресот да дадат се од себе“,
вели Вудсон.
0 comments:
Post a Comment