
Избраниците на Док Риверс сега имаат скор од 14-17, а ако вака продолжат не би можеле да се надеваат за плејоф. А доколку влезат тоа ќе им биде еднакво на добивање на седмица на лото. Свесен за тоа е и самиот Рондо.
“Не знам што се случува, но не играме одбрана како порано. Навистина не знам што е причината. Мораме да одиме чекор по чекот за да се извлечеме од оваа лоша серија. За почеток јас ќе пробам да се променам, да бидам поагресиван и да работам подобро на теренот“,
вели Рондо и додава:
“Ни недостасува самодовербата, тотаплно сме лоши. Како да немаме веќе вера во себе. Имам чувство дека кога шутираме предчувстуваме дека нема да погодиме. Кога грешиме, влегуваме од една лоша во друга лоша ситуација. Западнавме во магичен круг. Во предходните сезони ние бевме најтешкиот тим за победување. Кога противничкиот играч ке му побегнеше на нашиот, некој друг ќе го покриеше. Сега веќе не е така. Противниците си шутираат отворени шутеви, а ние само ги гледаме“,
вели Рондо.
0 comments:
Post a Comment