Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат без центрите Хауард, Гасол и Хил во наредните два натпревара против Хјустон и Сан Антонио, но најверојатно нема да бидат во состојба да играат подолго време после овие два натпревари во два дена.
Двајт Хауард има повреда на рамото и ќе биде надвор од терените најмалку една недела. Добрата вест е тоа што најверојатно нема да биде потребна операција на повреденото рамо.
Недефиниран е и датумот за враќање на Пау Гасол, кој во натпреварот против Нагетс во саботата имаше потрес на мозокот, откако по главата беше удрен со лактот од Џавејл МекГи. Гасол ќе треба да биде прегледан од тимскиот лекар пред да биде објавен датумот за враќање.
И третиот центар на Лејкерс, Џордан Хил има повреда на кукот. Хил сеуште не бил прегледан од тимскиот лекар, поради другите посериозни повреди на другите играчи.
0 comments:
Post a Comment