Home » , » Кармело Ентони vs. Кевин Гарнет - чекајќи го противникот пред автобус

Кармело Ентони vs. Кевин Гарнет - чекајќи го противникот пред автобус

Written By Unknown on 8.1.13 | 18:24

Кармело Ентони и Кевин Гарнет не покажуваат никаква љубов помеѓу себе. Во текот на натпреварот во кој Никси изгубија на домашен терен од Селтикс, Гарнет и Мело заработаа двојни технички фаули, поради многуте физички контакти и разговори на теренот.

Ентони беше исфрустриран, не му појде од рака и не можеше да се смири дури и по крајот на натпреварот. Откако натпреварот заврши, Ентони сакал да ја заврши пресметката со Гарнет и го чекал пред соблекувалната на Бостон. Сепак, неговите соиграчи и одговорните лица во Медисон Сквер Гарден успеале да го предомислат и да го вратат во неговата соблекувална.

Но, Мело бил толку изнервиран што и кога сите си заминувале од салата, Ентони се одлучил да го чека Гарнет пред автобусот на Селтикс, за дополнително да се пресмета. 


0 comments:

Post a Comment