Home » , » Реј Ален: “Очекувам извици од бостонската публика“

Реј Ален: “Очекувам извици од бостонската публика“

Written By Anonymous on 27.1.13 | 18:47


Вечерва не очекува вториот од четирите натпревари од регуларниот дел од сезоната помеѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит. Ова воедно ќе биде и прво враќање на Реј Ален во ТД Гарденот каде ќе се види како ќе реагира публиката.

Да потсетиме, Ален беше член на Бостон од 2007. година, кога ја оформи со Пол Пирс и Кевин Гарнет “големата тројка“ која веднаш во првата сезона ја освои титулата. По тоа не успеаа веќе да освојат прстен, а Ален пред почетокот на оваа сезона се пресели во Мајами, што бројни навивачи на Бостон го нарекоја “предавник“.

“Домашните навивачи секогаш ги исвиркуваат противниците. Така да очекувам извици затоа што сум сега во противничка екипа“,

вели Реј Ален. Тој додаде и неколку зборови зошто го напуштил Бостон. Наводно му се насобрале негативни работи и многу го озборувале и одлучил да замине. Две сезони по ред се зборуваше дека Селтикси ќе го трејдуваат, требаше да има помалку минутажа оваа сезона затоа што не знаеше во кој смер ќе се развива тимот. Тоа се причините поради кој замина, односно како слободен играч отиде во Мајами.

Во дресот на Мајами игра по 25.5 минути по натпревар и просечно постигнува по 11.4 поени со шут за 3 од 44%. Поради тоа е доведен во тимот, секогаш е на теренот во тесни завршници, и во текот на сезонава погоди неколку “клач“ шутеви.

0 comments:

Post a Comment