Home » , » Крис Бош: “Веќе се гледам во Спрингфилд, во куќата на славните.“

Крис Бош: “Веќе се гледам во Спрингфилд, во куќата на славните.“

Written By Anonymous on 27.1.13 | 15:49


Крилниот центар на Мајами Хит, Крис Бош (28) вели дека со своите партии низ кариерата се обидува да избори влез во куќата на Нејсмит, куќата на славните во Спрингфилд. Тој смета дека веќе е на “Хал оф Фејм“ ниво.

Дека Крис Бош одсекогаш бил самоуверен не е никаква новост. Меѓутоа, принудниот центар на Мајами можеби замина и чекор понапред изјавувајќи дека се што направил низ кариерата е на нивото на “Хал оф Фејм“.

“Секако дека сум на ниво на “Хај оф Фејм“ играч, мислам дека таму стигнав дури пред 4 сезони. Немојте да ме сфатите погрешно, не сум препотентен, само зборувам искрено и сериозно. Не ми е прв пат да ми падне на памет, за таа опција сум разговарал и со своите пријатели“,

вели Крис Бош кој во текот на кариерата просечно дава по 19.7 поени и фаќа по 9.0 скока. Овој играч е избран за “Ол Стар“ резерва оваа година, меѓутоа неговите бројки не се на нивото на просеците на кое е на кариерата. Тој оваа сезона бележи по 17.2 поени и фаќа по 7.2 скока.

Меѓутоа, како што сега стојат работите патот до Спрингфилд на овој човек му делува како “загарантиран“ како што е квизот “сакате ли да станете милионер“. Имено, откако пости лигата само еден играч во кариерата кој собрал 8 настапи на Ол Стар не влегол во куќата на славните. Станува збор за Лери Фост кој играше од 1950 до 1962 година и во текот на кариерата бележеше 13.7 поени и 9.8 скока.

“Многу сум благодарен затоа што ме викнаа за Ол Стар натпреварот. Мислам дека настапите на Ол Старот никогаш не се бришат, тоа е нешто што останува запишано покрај секој играч. Никогаш никој е премногу стар за да му се радува на повикот. Можноста повторно да бидам на тој натпревар е неверојатна и уживам во тоа“,

вели Бош. На патот кон Спрингфилт, смета еден друг Хал оф Фејмер, дека Бош не смее да си дозволи вакви изјави доколку сака да стане “бесмртен“. Токму тоа го смета помошниот тренер на Мајами Хит, Боб Мекади кој своевремено освои 3 НБА титули, додека играше во НБА лигата од 1972 година до 1986 година.

“Тешко дека ќе одговорам на прашањето дали Крис Бош еден ден ќе добие можност еден ден да се најде во куќата на славните. Никогаш не знаете зошто се доделуваат заслугите и зошто некој да биде напграден. Она што е сигурно е дека, не треба да се даваат изјави на оваа тема. Рано е за вакво нешто“,

порача Мекади. Меѓутоа, реално гледано, во Мајами во овој момент моментално постојат три момци кој веќе се загарантирани патници во куќата на славните. По 7 години во Торонто и 3 во дресот на Мајами, Двејн Вејд е прилично сигурен дека Бош еден ден ќе биде меѓу легендите на НБА лигата.

“Нема сомнеж дека Крис Бош е на правиот пат да стане член на куќата на сланите. Тој е во лигата доста долго, игра врхунски откако е во лигата, на својата рака има прстен... Тоа не се мали работи. Доколку продолжи да биде продуктивен уште некоја сезона, нема сомнеж дека ќе добие повик“,

вели популарниот “Флеш“ кој исто така е кандидат за одење во Спрингфилд. Бош на 24. март влезе во својата 29та година од животот. Во клубот во кој се уште и ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд, Бош има сеуште шанси за да игра добро. Како што стојат сега работите, би можел да стави пари на кладилница дека кариерата ќе ја заврши со двоцифрен број на настапи на Ол Стар натпреварите. Исто така има и добра шанса на својата рака да стави уште некој прстен.

“Не мислам дека ова е последен настап за Крис Бош на Ол Старот. Мислам дека тој има уште неколку идни настапи во ракавот. Мислам дека таа предност ќе му го отвори патот и ќе ја пронајде вратата на патот кон куќата на славните. Дури, уште сега би можел да биде таму“,

вели Шејн Батие. Сепак, што ќе се случи со ова сеуште е рано да се коментира затоа што доколку би влегол Бош тоа би било за некоја деценија покасно.

0 comments:

Post a Comment