Home » , » Коби Брајант: “Не сакав да одам во тренинг кампот на Селтикси, но мојот татко ме натера“

Коби Брајант: “Не сакав да одам во тренинг кампот на Селтикси, но мојот татко ме натера“

Written By Anonymous on 12.2.13 | 20:46


Коби Брајант неодамна подигра прашина по што пред еден натпревар на Лејкерси и Селтикси во Бостон објави своја фотографија во дресот на Селтикси преку популарната мрежа “Twitter“. Станува збор за фотографија сликана на тренинг кампот на “Келтите“ во 1996. година каде Коби обработи неколку тренинзи.

На многу навивачи на Лејкерси, не им се допадна овој потез на иконата на франшизата и на еден од најдобрите играчи на сите времиња. Беше напаѓан на социјалните мрежи “Twitter“ и “Facebook“. Сепак, тој неодамна даде интервју во кое рече дека бил приморан да го направи тоа и додаде дека не ни имал намера да оди во кампот на Селтикси.

Заслугите поради тоа што заминал му припаѓаат на неговиот татко кој го натерал на тоа, барем како што тврди Коби. Веројатно во оваа приказна има вистина пред се поради што таткото на Коби играл важна улога во неговиот приватен живот. На пример, родителите на Коби толку се мешаа во животот на нивниот син што дури и се противеја на венчавањето со Венеса Брајант.

“Често се смеам кога ќе се потсетам на тие стари добри времиња. Бев само едно своеглаво момче кое не размислуваше рационално. Планирав ладнокрвно да го одбијам повикот од Селтикси од причина што никогаш не ги сакав. Кога го слушна ова мојот татко, тотално полуде и едноставно ми нареда да одам таму, што на крајот тоа и го направив. Ми објасни дека сум човек кој е на прагот да влезе во професионалните “води“ и дека морам да се однесувам добро. Беше потполно во право, обработив неколку тренинзи, беше забавно“,

вели Коби.

Брајант е избран на драфтот во 1996. година од страна на Шарлот Хорнетс како 13. пик од првата рунда, само едно место пред Пеџа Стојанкович кој беше избран како 14. пик, додека сегашниот соиграч на Коби, Стив Неш беше избран како 15. пик. Како што е добро познато, Брајант веднаш е пратен во Лејкерси во замена за Владе Дивац. Останатото е историја.

0 comments:

Post a Comment