Home » , » 15 интересни факти за Мајкл Џордан кои не сте ги знаеле

15 интересни факти за Мајкл Џордан кои не сте ги знаеле

Written By Anonymous on 4.2.13 | 21:39



15. Забивања!
Во кариерата како професионалец, Мајкл Џордан забил над 2000 пати. Тоа се по околу 2 забивања во натпревар.

14. Домашен живот
Мајкл Џордан беше оженет со Хуанита Ваној и со неа имаше три деца. Интересно е дека сите три деца од тој брак му се родени во месец декември.

13. Секогаш победник?
Можеби и не. Во последните денови од својата кариера играше во Вашингтон Визардс
две сезони. Тимот не влезе во плејофот, но беше убаво да се види Џордан како се враќа назад.

12. Хоби
Едно од најголемите хобиа, особено по пензијата, на Џордан му беше голфот. Во еден ден тој одигра дури 63 партии!

11. Стравови
Дури и најголемите имаат стравови. Уште од најраното детство Џордан се плашел од воде. Тој воопшто не сака да плива.

10. Украден дрес
Во раните ’90ти еден од неговите дресови беше украден пред натпреварот, и Мајкл мораше да игра со бројот 12, додека неговиот дрес се бараше.

9. Мулти-талент?
Џордан се реши да одмори од кошарката и да си ја проба среќата во бејзболот. Неговата кариера како бејзбол играч не беше толку успешна и ’и се врати на својата единствена љубов - кошарката.

8. Одлука за број
Тој сакаше да го носи бројот 45 кога почна да игра како дете, но бидејќи тој број го носеше неговиот брат, тој одлучи бројот 45 да го подели на пола и го доби бројот 23!


7. Соништа
Мајкл Џордан посакуваше да игра 1 на 1 против легендата на Лејкерси, Џери Вест.

6. Скршена нога
Повредата во неговата втора сезона го примора Џордан да пропушти дури 60 натпревари за неговиот тим таа сезона. Но, тој се врати во плејофот, појак од секогаш и даде 63 поени против Селтиксите на Лери Брд. Тоа се најмногу поени од еден играч во еден плејоф натпревар.

5. Масата со 39.292 дупки
За да може да ги памти своите поени постигнати во НБА лигата, тој направи комеморација, односно маса на која имаше точно 32.292 дупки, по една дупка за секој поен.

4. Јазикот надвор Џордан!
Едно од неговите најдобри забивања беше забивањето кога Џордан го ваѓаше јазикот надвор и снажно ја забиваше топката во обрачот. Ова беше прикажано на пародичен начин во првиот филм на “Cars“.

3. Импресивни бројки
Во неговата кариера, Џордан постигна 32. 292 поени, имаше 6.672 скока и 5.633 асистенции.

2. Изненадувачки.... 
Мајкл Џордан, најдобриот играч на сите времиња во НБА лигата, не беше прв пик на драфтот во 1984 година. Рокетси го одбраа Хаким Олајџувон, а Блејзерси Сем Бови. Сигурни сме дека овие тимови многу погрешиле.

1. Подшорцеви
За среќа, Мајкл Џордан секогаш ги носел под шорцевите на Булс, шорцевите на универзитетот Северна Каролина. Можеби тие се тајната за неговите неверојатни потези на теренот.

0 comments:

Post a Comment