Home » , » Нејт Робинсон и Дејвид Ли именувани за играчи на неделата (28/01 - 03/02)

Нејт Робинсон и Дејвид Ли именувани за играчи на неделата (28/01 - 03/02)

Written By Unknown on 4.2.13 | 22:44

Поранешните соиграчи во два тима (Њу Јорк, Голден Стејт), Нејт Робинсон од Чикаго Булс и Дејвид Ли од Голден Стејт Вориорс се именувани за играчи на неделата во источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни од 28ми Јануари до 3ти Февруари. 

Робинсон беше најдобар во редовите на Булс, додека Чикаго изминатата недела успеа да победи три пати, при само еден пораз. Меѓу трите победи, Булси славеа над Атланта Хокс и Милвоки Бакс. Робинсон имаше просеци од 17.8 поени, 6.8 асистенции и 2.5 украдени топки по натпревар. Робинсон сега има серија од 10 последователни натпревари каде што постигнал над 10 поени.

Старо-новиот Ол-Стар играч Дејвид Ли постигнуваше по 18.0 поени, 14.3 скока и неверојатни 7.8 асистенции по натпревар, додека им помогна на Вориорс да одиграат недела во која победија 4 пати во исто толку натпревари. Имаше дабл-дабл во секој натпревар, подобрувајќи неговиот водечки рекорд од 31 дабл-дабл учинок оваа сезона. Дејвид Ли е првиот играч на Вориорс кој освоил две награди за најдобар играч на неделата во иста сезона, после Берон Дејвис кој тоа го стори во 2005та година.  

0 comments:

Post a Comment