Home » , » Зошто Ражон Рондо ќе и не достасува на НБА лигата?

Зошто Ражон Рондо ќе и не достасува на НБА лигата?

Written By Unknown on 4.2.13 | 21:25

Ражон Рондо ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната со повреда на лигаментите на коленото, а ерата на успешната династија на Бостон привршува. Но да зборуваме зошто на НБА фановите ќе им недостига Ражон Рондо, подеднакво многу колку на  фановите на Селтикси.

Ражон Рондо ќе се врати, но да разбереме зошто тој ќе и недостасува на НБА лигата толку многу, треба да прво да го видите видеото каде Рондо прави 100 различни бизарни трикови со баскетот по првиот контакт со топката на секој меч. Тоа веројатно ќе биде мојот омилен момент од било кое видео на Рондо бидејќи никој досега не го правел тоа во лигата.

Покрај тоа што е одличен играч, Рондо е еден од најчудните суперѕвезди во НБА. Колку повеќе го гледате, толку помалку знаете да објасните што гледате. Во списанието „Бостон Магазин“, во една колумна од Алан Сигел, тој употребува дури 19 различни НБА аналитичари и нивни изјави за да објасни што всушност го прави Рондо толку забавен за гледање. Бил Симонс го нарекува “мачка“, Том Зилер го нарекува “Кралицата на Шах таблата на Бостон“, а канаѓанецот Брус Артур го нарекува “ексцентричен мал кошаркарски волшебник“.

Минатата година во Мај, тој одигра 53 минути и постигна 44 поени и 10 асистенции против Мајами Хит. После таа партија, Рондо можеше да се нарече “проклето брилијантен суперфрик“ кој умее да ви предизвика голема главоболка.

Како личност, тој позира на на фотографии до девојка која носи маица со натпис „LeBron is a bitch“ и потоа оди да предава алгебра во предградието на Бостон.

Како играч, никогаш не знаете дали тој ќе експлодира како на мечот со Мајами или ќе одлучи да биде „само“ одличен организатор на игра и ќе подава, наместо да биде најдобриот поентер на теренот. Можеби тој е беше воинствениот соиграч кој помина 2 оф-сезони во преговори за трејд и кој можеби беше главна причина за заминувањето на Реј Ален, но многу повеќе од тоа, тој стана убиствениот играч кого Кеј Џи, Док Риверс и Пол Пирс би го избрале помеѓу сто други НБА играчи.

Еве една анегдота за неговата интелигенција, за која пишуваше Адриан Војнаровски:
“Во периодот кога Бостон го бркаа прстенот во 2008 година, Рондо беше млад и потенцијален играч. Еден од неговите соиграчи, се сеќава како еден од тренерите му приоѓа и му дава книга со тактиките на Атланта. Во неа, тие ги заокружија 15-те најдобри тактиките кои тие би требало да ги употребат на мечот за да го запрат Рондо. Веќе следниот ден, тие го испрашаа за три од зададените тактики и Рондо детално ги објасни. Потоа, тренерот праша за уште една тактика. Од сите играчи, само Рондо занеше дека тоа не е тактика од книгата на Атланта. Тоа е Рондо, еден од најинтелигентните играчи во НБА.“

Како што минуваа годините, речиси сите сфатија што го прави толку голем. Минатата година, на Ол Стар настаните во Орландо, речиси сите НБА ѕвезди во првите редови и ги пратеја настаните. Како што се појавуваа од тунелот, останатите кои веќе беа на своите места, ќе направеа место до нивното столче, во првиот ред. Кога Рондо се појави, никој не се мрдна. Така, наместо да ги гледа настаните со сите ѕвезди, Рондо стоеше на неколку метри растојание од нив и сам ги уживаше во истите. Сето тоа би изгледало многу тажно, доколку се работеше за некој друг играч, но со него, се изгледаше толку перфектно.

Тој никогаш не сакаше да се наметне во таа играчка елита, помеѓу Леброн и Вејд или Дурент и Вестбрук. Едноставно не го засегаа тие трендови на НБА супрепријатели, а и не припаѓаше меѓу нив. Сепак, беше интересно да се гледа како се развива во суперѕвезда, без да ги следи трендовите.

Но, тој не си отиде за долго и оваа статија не треба да претставува завршен говор на нечија кариера. На долгорочен план, пауза од една година не ги требало да претставува проблем за него и тој ќе се врати повторно да ни предизвикува главоболки. За да разберете зошто сите фанови на НБА беа фрлени во депресија по неделниот прес, треба да разберете дека Ражон Рондо е повеќе од добар играч. Тој е поинаков, а неговите ѓаволштини ќе продолжат да ви создаваат главоболки. Тој ќе ве натера да се чувствувате глупаво со своите пробиви низ противничките одбрани. Неговото присуство ќе ги направи Селтикс конкуренти, иако понекогаш ќе исчезне од центарот на вниманите, за друг пат да се врати на друго ниво и едноставно да биде незапирлив, правејќи ги противничките играчи да се чувствуваат неинтелигентно.

Сето тоа на едно место, во еден мал чудак. Човекот кој е неверојатен и волшебен, поцврст и поинтелигентен отколку било кој мисли, за некои променлив, за некои совршен соиграч, но секогаш хипнотизирачки бидејќи никогаш не знаете што е следно, иако сеуште не сте го сфатиле тоа што веќе сте го виделе. Можеби тимот на Бостон е надвор од конкуренција сега, но да се надеваме дека Рондо ќе се врати подобар и повешт од било кога, бидејќи тој е единствен. НБА суперѕвездата која не припаѓа со останатите, а на некој начин го персонализира начинот на кој ние ја сакаме оваа лига.

0 comments:

Post a Comment