Home » , » Кевин Гарнет го напушта Бостон само ако од тимот замине и Пирс

Кевин Гарнет го напушта Бостон само ако од тимот замине и Пирс

Written By Anonymous on 5.2.13 | 19:09


Приказната околу заминувањето на Кеј Џи од Бостон доби ново поглавје. По што Селтикси го одбија првиот напад на Клиперси, крилниот центар на “Келтите“ порача дека нема да ја искористи својата “ноу трејд“ клаузула, единствено ако Дени Ејнџ се одрекне и од капитенот Пол Пирс.

Имено, ако им се верува на добро упатените извори вмешани внатре во тимот и тоа што се случува до него, Кевин Гарнет му дал јасна изјава на Дени Ејнџ:

“Или заминува и Пол Пирс заедно со мене, или му ставам вето на трејдот“,

рекол Гарнет кон управата на Бостон и нагласил дека во случај Пирс да замине, тој ќе прифати заминување само во Лос Анџелес. Не е тајна дека искусниот Кеј Џи во својот договор има нова можност да го блокира трејдот. Таа клаузула, со која играчите стекнаа некој нов колективен договор, додатно му ја отежнува работата на оперативците на Селтикси да му пронајдат нов тим на Гарнет.

Првиот обид да го донесат Гарнет го имаа Клиперси, но таа понуда на Клиперси, според процената на Ејнџ и компанијата, била екстремно сиромашна.

“Нема шанса Кевин Гарнет да го промени своето мислење. Тој не сака да замине од клубот. Зато и му порачал на Ејнџ да замине единствено ако клубот го трејдува Пирс. Кеј Џи смета дека тоа е преголема цена за Бостон, но тоа и немора да значи. Не е исклучено дека дури би можел да го искорсити своето вето и да се да поклопи и Ејнџ да престане да смета на тие услови“,

вели овој извор.

0 comments:

Post a Comment