Home » , » Андре Драмонд ќе паузира 4-6 недели, Ендру Николсон негова замена во „Rising Stars“ натпреварот

Андре Драмонд ќе паузира 4-6 недели, Ендру Николсон негова замена во „Rising Stars“ натпреварот

Written By Unknown on 14.2.13 | 17:25

Дебитантот на Детроит Пистонс, Андре Драмонд се очекува да биде надвор од терените од 4 до 6 недели, откако заработи повреда на грбот, поточно фрактура на коска на грбот.

 Иако нема да биде подложен на операција, Драмонд ќе треба да се одмара и лекува. Тој до беше драфтуван како 9ти пик од страна на Детроит Пистонс и до сега бележеше 7.3 поени, 7.5 скока и 1.4 блокови за помалку од 20 минути одиграни на паркетот.

Токму овие статистики му овозможија  учество во Ол-Стар викендот како член на тимот Шек во „Rising Stars“ натпреварот. Ова може да биде навистина емоционално и психолошки тешко за Драмонд (доколку се сеќавате на драфтот, тој плачеше бидејќи беше исплашен дека нема да биде драфтуван, иако котираше високо како играч). Навистина е лошо што овој играч нема да го покаже својот потенцијал на овој егзибициски натпревар и со тоа се намалуваат шансите да ја загрози лидерската позиција на Демијан Лилард во трката за наградата за најдобар Руки играч на сезоната.

Сепак шансата ќе ја добие Ендрју Николсон од Орландо Меџик, кој ќе го замени Андре Драмонд во тимот на Шек. Знаме дека на оваа информација ќе прашате „Кој?“ и не е ваша вина доколку прашате. Овој играч претставува пријатно изненадување оваа сезона и е играч кој би сакале да го имате во тимот. Тој е руки висок 2.10m и оваа сезона бележи по 7.6 поени и 3.5 скока по меч со одлични движења во рекетот. Ова е одлична шанса за него и би требало да внесе малку светлина во тимот на Орландо Меџик.

0 comments:

Post a Comment