Home » , » Кармело Ентони го пропушта Ол Стар натпреварот?

Кармело Ентони го пропушта Ол Стар натпреварот?

Written By Anonymous on 14.2.13 | 12:20


Настапот на ѕвездата на Никси на Ол Стар викендот во Хјустон е под знак прашање поради што здобри јак удар во бицепсот од ДеМар ДеРозан.

Њу Јорк вчера беше поразен од Торонто дома во Медисон Сквер Гарден со 92-88, а Мело ударот го здоби на почетокот на натпреварот. Покрај тоа Ентони изигра 40 минути, и имаше катастрофален шут од игра 5/24.

“Колку и да сакам да играм на Ол Стар-от, тоа можеби нема да биде можно. Моментално многу ме боли и треба да направам додатни анализи за да видам за каква повреда се работи. Ако можам да играм ќе игра, но ако не можам, нема да играм“,

- вели Ентони. Да потесетиме, од петок до недела е на распоредот Ол Стар викендот во Хјустон, а најинтересен дел дефинитивно ќе биде дуелот помеѓу Истокот и Западот.

0 comments:

Post a Comment