Home » , » Се “шушка“ околу нови трејдови, Џош Смит и Џејсон Тери на мета

Се “шушка“ околу нови трејдови, Џош Смит и Џејсон Тери на мета

Written By Anonymous on 4.2.13 | 10:39


Како што се ближи последниот рок за трејдови, 21. февруари, се повеќе и повеќе се зборува околу можни замени на играчи. Причините за трејдовите во главно се повреди, но и слабата форма и неисполнувње на очекувањата.

Последните приказни го вклучуваат Џош Смит, суперстарот на Атланта. Смит оваа сезона имаше проблеми со ГМ на Атланта, Дени Фери, кој го суспендираше на еден натпревар неиграње. По натпреварот каде Атланта постигна најмалку поени на еден натпревар, 58, Атланта по тој меч загуби 7 од 8 натпревари.

Сепак, се на 6. место во конференцијата, кое сепак значи плејоф. Џош Смит моментално е најдобар поединец во тимот, дава по 16.9 поени, 8.5 скока, 4.0 асистенции и 2.2 блока по натпревар.

Лошата форма на Атланта и трачевите кој постојат, несогласувањето на играчите во соблекувалната, би можеле да ја натераат управата на Хокси да ја трејдуваат својата суперѕвезда за 2 или 3 играчи, и така да ја освежат екипата и да ја продолжат трката за плејофот. Управата на Атланта веќе докажа дека ако играчите не го оправдуваат својот договор ќе бидат трејдувани. Џо Џонсон од Атланта замина во Бруклин Нетс, а Марвин Вилијамс својата кариера ја продолжи во Јута Џез. За Џош Смит најзаинтересирани се Хјустон, Бостон, Шарлот и Феникс.

Друго звично име околу кое се дигна прашина е Џејсон Тери. Ветеранот во Бостон кој игра како комбо бек, е поврзан со трејд во Л.А Лејкерс. Главна причина за тоа, како што велат од Бостон е, пробивањето на селери кепот и обрската на плаќање порез на луксуз, како и повредата на Ражон Рондо и Џеред Салинџер, па така екипата за кратко време е доста ослабена.

Тери има договор од 15.3 милиони долари, потпишан на 3 години. Интерено е дека Селтикси заинтересирани се, доколку го пратат Тери во Лејкерс, во замена да го земат Пау Гасол. За неговото незадоволство во Лејкерси и негов трејд, константо се зборува преку целата сезона. Повторно ги доби своите минути и игра во првата петторка, но тоа е затоа што се повреди Двајт Хауард.

Колку Џет би се снашол во Лејкерси, и како Пау во Бостон, останува за тоа добро да размислат двете страни. Од кога оваа вест излезе во јавност, за Тери интерес покажаа многу тимови.

Рокот за трејдови истекува на 21. февруари, и после тоа играчите не можат да бидат заменети.

0 comments:

Post a Comment