Home » , » И Ерик Гордон повторно повреден

И Ерик Гордон повторно повреден

Written By Anonymous on 3.2.13 | 18:01


Њу Орлеанс Хорнетси тешко беа поразени минатата ноќ на гостувањето во Минеаополис. Домашните “Волци“ го прегазија тимот од Луизијана со 115-86,а резултатот би бил многу поголем да Рик Аделман ги чуваше стартните 5 во игра. 

Хорнетси настапуваа без Ерик Гордон кој е повторно повреден. По што го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на коленото, сега се мачи со големи болки во грбот поради кои неможе квалитетно да се сконцентрира на своето најјако оружје на теренот, а тоа е шутот.

“Чувствувам веќе некое време големи болки во грбот. Навистина ми сметаат и не можам да се сконцентрирам на тоа што треба да го работам. Од натпреварот со Лејкерси болките се уште појаки.“,

вели Гордон кој беше испуштен од тимот за натпреварот против Минесота, секако поради повредата. Гордон во последните 35 дена одигра 15 натпревари што е 6 натпревари повеќе отколку што одигра во текот на целата мината сезона.

Со обзир на тоа франшизата на Њу Орлеанс поминува низ процес на обнова и изградба на тимот, се очекува дека Вилијамс нема да ризикува со Гордон и дека често ќе прескокнува натпревари.

0 comments:

Post a Comment