Home » , » Дени Ејнџ вели дека Бостон нема да ангажира замена за Рондо

Дени Ејнџ вели дека Бостон нема да ангажира замена за Рондо

Written By Anonymous on 1.2.13 | 19:10


Директорот на кошаркарските операции на Селтикси, Дени Ејнџ, изјави вчера во интервју за локално радио дека екипата на Бостон моментално не бара засилување на позицијата плејмејкер.

“Па, сега моментално не сме заинтересирани за нов плејмејкер. Има многу причини затоа што не бараме нов играч на таа позиција. Мислам дека за Рондо нема замена, а за евентуални трејдови или за ангажирани на слободни играчи не сме заинтересирани. Мислам дека играчите кои ги имаме во тимот на тие позиции ќе добијат повеќе шанси да играат, тука најмногу мислам на Леандро Барбоса кој умира од желба за поголема минутажа. Џејсон Тери и Ејвери Бредли исто така ќе мораат да помогнат многу. Мислам дека овие момци чекаат шанса за минутажа, а ова е и шанса да покажат што знаат.“,

вели Ејнџ.

Тренерот на Селтикси Док Риверс изјави дека би сакал ростерот на Бостон да остане нечепнат до крајот на сезоната. Отсуството на Рондо сепак е голем удар за тимот, поради сјајната сезона која ја имаше по одиграни 38 натпревари. Имаше дабл-дабл просек од 13.7 поени и неверојатни 11.1 асистенции пред да ги скине лигаментите на коленото.

0 comments:

Post a Comment