Home » » Се враќа Ди Роуз!

Се враќа Ди Роуз!

Written By Anonymous on 1.2.13 | 18:38


Тренерот на Чикаго Булс, Том Тибодо, изјави дека Дерик Роуз сега тренира под полн интезитет и единствено што му останало во процесот на неговото опоравување е дека тој не игра на натпреварите на тренинзите.

Враќањето на Роуз од повредата кој ја заработи на 28. април и операцијата на 12. мај одлично напредуваше и веќе нема никакви физички ограничувања.

Најверојатниот датум за враќање на теренот на поранешниот МВП играч е на 17. февруари, по Ол Стар натпреварот.

Тој оваа сезона не одигра ниту еден натпревар, но во минатата просечно даваше по 21.8 поени со 7.9 асистенции во 39 натпревари. Роуз се повреди во текот на првиот натпревар од плејофот и до денес не одигра ниту еден натпревар.

“Тренира со полна пареа, трча спринтови, шутира, дрибла, прашање е на време кога ќе почне да игра на натпреварите на тренинзите“,

вели Том Тибодо.

0 comments:

Post a Comment