Home » , » ЛеБрон Џејмс поставува рекорд во победата на Мајами над Портланд

ЛеБрон Џејмс поставува рекорд во победата на Мајами над Портланд

Written By Anonymous on 13.2.13 | 11:16


ЛеБрон Џејмс напиша историја, повторно. Овој пат тоа го направи во 1.000 победа на Мајами Хит.

ЛеБрон Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој давал +30 поени и шутирал над 60% во шест натпревари по ред. ЛеБрон вчера шутираше 11 од 15 од поле против Портланд во победата со резултат од 117-104.

“Како што реков предходно, ја знам историјата. Знам многу неверојатни играчи кои шутирале вака. Тие ми го отворија патот за да го поминам. И чест ми е да бидам во книгата на рекорди со таква статистика, односно и со која и да бидам, за мене тоа е чест.“

- вели Џејмс. ЛеБрон постигна 70 од неговите 96 шута. Адриан Дантли и Мозес Мелоун беа единствените играчи кој постигнале 30 поени шутирајќи од поле 60% пет натпревари по ред. Денеска, ЛеБрон Џејмс ги помина и тоа го направи во шест натпревари по ред.

0 comments:

Post a Comment