Home » , » Игрите на ЛеБрон го импресионираат Мело

Игрите на ЛеБрон го импресионираат Мело

Written By Unknown on 13.2.13 | 16:13

ЛеБрон Џејмс едноставно е предоминантна сила во последно време, постигнувајќи 30+ поени во последните 6 натпревари, додека реализира 71.1% од своите шутеви. 

Неговиот соиграч од олимпискиот тим на САД Кармело Ентони е доста импресиониран од игрите на Џејмс, а исто така Мело се обидува да го проследи секој натпревар на Џејмс. 

“Тоа е лудо. Тоа што Џејмс го прави моментално е неверојатно. Постигнува 30, 40 поени со 11 шута, има реалзиција 10-12, 13-14 и слично. Џејмс е во неверојатна форма моментално.“ - изјави Кармело Ентони за „ESPN.com“.

Но прашањето е како Џејмс успева да одржи ваква серија од ефикасни натпревар? Одговорот ќе најдете со тоа што ќе ги погледнете статистиките, кои укажуваат дека ЛеБрон пред натпреварот во вторникот против Блејзерс, реализираше шокирачки 84 проценти од своите шутеви во рекетот. Но и надвор од рекетот, Џејмс беше доста ефикасен, реалзирајќи 54 проценти, на 33 шута. 

Мело напомена дека кога има шанса, секогаш ги гледа натпреварите во кои играат пријатели околу лигата, особено Џејмс, Пол и Вејд, за да види како тие ќе одиграат. 

“Не поминувам премногу време пред телевизорот, но кога играат моите пријатели секогаш сакам да видам како тие ќе одиграат и што ќе покажат. Многу пати, кога играат тие и јас имам натпревар во истото време, па тешко е да се најде слободно време.“ - додаде Ентони.

Па, што мисли Ентони за шансите на ЛеБрон Џејмс тој повторно да ја освои МVP титулата?

“Прерано е. Сеуште не сме го поминале ниту Ол-Стар викендот. Моментално, тој дефинитивно игра во MVP форма, па ќе видиме што ќе се случи до крајот.“ 

Токму и Кармело Ентони е вмешан во MVP трката во првиот дел од сезоната, постигнувајќи најмногу во кариерата 29.0 поени по натпревар. Неговите Никси имаат втор-најдобар рекорд во источната конференција (31-17), веднаш позади Мајами Хит (34-14). Мело имаше една серија каде што постигнуваше 20 поени во 31 последователен натпревар, со што постави рекорд во франшизата на Њу Јорк. Многу пати на своја волја го враќаше тимот на Никс од мртвите и го носеше до победа, како на пример последниот пат против Минесота Тимберволвс на 8ми Февруари, кога во последната четвртина Мело постигна 12 поени, завршувајќи со 36 поени и победа со својот тим. 

Ентони и Џејмс повторно ќе бидат соиграчи на Ол-Стар натпреварот оваа недела, при Ол-Стар викендот во Хјустон.

0 comments:

Post a Comment