“Навистина не знам. Се чувствувам добро, но како што веќе реков, сепак мислам дека не сум спремен за враќање. Не ми смета ако ја пропуштам оваа цела сезона, морам да се опоравам до крај“,
вели Роуз. Враќњето на Роуз најпрво се споменуваше дека ќе биде по што почна да тренира во полно време, а потоа изјави дека нема да се врати додека не биде 110% спремен.
Чикаго Булси досега добро се снаоѓаат без Роуз, се наоѓаат на 5тото место на Истокот, со скор од 30-22. Како одлична замена се покажа Нејт Робинсон кој бележи по 15.6 поени и 8.0 асистенции по натпревар, откако влезе во првата петторка.
Пропуштањето на сезоната на Роуз е вест со која фановите на Булси тешко се носат, но како што рече, штом биде спремен ќе се врати на теренот.
0 comments:
Post a Comment