Home » , » Кевин Гарнет: “Ова е мојот последен Ол Стар натпревар“

Кевин Гарнет: “Ова е мојот последен Ол Стар натпревар“

Written By Anonymous on 14.2.13 | 22:52


Пред нас е сосема сигурно возбудлив Ол Стар викенд во Хјустон, а еден од најискусните кои ке настапат на овој настан е и Кевин Гарнет, кој по 15. пат настапува на овој натпревар. Тој е избран во секој натпревар од 1997. година, а поради повреда го пропушти минатогодишниот спектакл во Орландо. Оваа сезона беше избран од страна на навивачите да игра во старната петторка.

По повод на ова овој феноменален кошаркар кој неодамна ја проби границата од 25.000 поени, даде интересна изјава за локален интернет портал кои ги следи Селтикси. Легендарниот Кеј Џи вели дека нема намера да настапува на Ол Стар натпреварите т.е дека овој настап во Хјустон ќе биде негов последен.

“Ова дефинитивно е мојот последен Ол Стар натпревар. Јас сум им и повеќе од благодарен од навивачите кој беа со години покрај мене и поради кои одам на овој натпревар. Така ке биде и оваа година. Ќе поминам убав викенд со фамилијата и пријателите. Мислам дека 15. настапи се повеќе од доволно. Имам свои причини за ова што го велам“,

вели Гарнет кој би можел да се договори со управата на Бостон и да ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона и покрај тоа што има договор на две години. Иако изјави дека ќе му биде чест што игра на овој натпревар, по 15 години можно е да се заситил и дека попрво Кеј Џи би поминал слободен викенд дома. Слични изјави своевремено даваше и Тим Данкан, но и тој се најде во ростерот на Западот.

Доколку Гарнет сепак се одлучи да ја продолжи кариерата, а навивачите го изберат во првата петторка би било интересно да видиме како ќе го одбие учествотот. Познавајќи го менталитетот на овој иден “Хал оф Фејмер“, тој ќе стои на своите зборови.



0 comments:

Post a Comment