Home » , » Двајт Хауард: “Противниците намерно ме удираат во повреденото рамо!“

Двајт Хауард: “Противниците намерно ме удираат во повреденото рамо!“

Written By Anonymous on 12.2.13 | 20:23


По неколку дена “мир“, повторно се “јави“ центарот на Лејкерси, Двајт Хауард. По завршетокот на турнеата која Лејкерси ја имаа и гостуваа во 7 градови и по враќањето во Калифорнија, Хауард им се пожали на локалните медиуми на неспортското однесување кон него.

Играчот на “Езерџиите“ кој мачи мака со повредата на десното рамо рече дека противничките играчи константно го удирале во последните неколку натпревари. Тој тврди дека го мавале со намера.

“Се почна во Бостон, примив неколку непријатни удари. Во Шарлот беше полошо. Имав чувство дека при секој мој контакт со топката, некој цели на моето рамо. По тоа трпев големи болки по цела ноќ, слабо спиев. Тогаш дојде натпреварот со Мајами каде пробаа пред стартот на натпреварот да ме онеспособат. Хаслем имаше посебна задача да ме повреди. Повторувам, тешко е да се фокусирате на играта, кога трпите болки“,

вели Двајт кој на трите последни натпревари бележи по 12 поени и 10 скока.

Очигледно е дека Хауард тешко се носи со болката. Оваа изјава ја потврдува неговата фрустрација, а можно е оваа фрустрација да не е само од повредата. Сепак, НБА лигата е натпревар кој бара многу голема физичка способност и контакт, и покрај бројните правила.

0 comments:

Post a Comment