“Ја играв мојата најдобра сезона, го поминував најдоброто време во мојот живот, а само една недела подоцна бев во болница и за малку ќе загинев. Лудо е. Имам многу среќа.“ - изјави Варежао.
Варежао е жив бидејќи беше искрен со докторите - после првичната операција тој почуствувал болку во грбот и имал потешкотии со спиењето, проблеми за кои тој им рекол на докторите дека не се ништо и дека ќе издржи машки низ нив, но докторите тогаш го открија згрутчувањето на крвта.
“Ми кажуваа приказни како, 'Леле господе имав пријател кој загина од згрутчување на крвта во неговите дробови'... Тоа ми го повторија неколку луѓе. Тогаш почнав да мислам во врска со тоа и сфатив дека е многу посериозно отколку што си мислев. Една недела после операцијата лежев дома и помислив каде можев да завршам досега.“
Варежао е оспособен да патува и ќе оди со тимот на наредниот гостински натпревар, но нема да се врати на теренот до крајот на сезоната - факт што ги прави шансите за негов трејд пред преодниот рок прилично непостоечки.
Но сето ова е споредно во однос на тоа што можеше да се случи. Среќно заврши за Варежао и се надеваме дека тој ќе се врати на терените наредната сезона во истата форма.
0 comments:
Post a Comment