Најдобриот кошаркар на Чикаго Булс, Дерик Роуз пред неколку дена одработи целосен тренинг со соиграчите, но никој од клубот од Илионис не може да тврди дека одличниот плејмејкер ќе заигра оваа сезона.
Тренерот Том Тибодо нагласува дека Роуз продолжува да се опоравува од операцијата на скинатите лигаменти и би можел да ја пропушти цела сезона.
“Во вакви ситуации треба да се надеваме на најдоброто и припремаме за најлошото. Многу е веројатно дека Дерик ќе ја пропушти цела сезона, но тоа е ве ред. Приоритет е да се опорави и да биде спремен за игра. Кога и да се случи тоа ќе бидеме задоволно. Тимот на тоа не може да влијае“,
вели Тибодо.
0 comments:
Post a Comment