Home » , » Двајт Хауард: “Не им ветив на Лејкерси дека ќе го продолжам договорот“

Двајт Хауард: “Не им ветив на Лејкерси дека ќе го продолжам договорот“

Written By Anonymous on 14.2.13 | 22:41


Сите љубители во НБА лигата во последните неколку години беа разочарани од сапуници како “драмата на Мело“ или “предавството на ЛеБрон“...Сега, очигледно, на ред е нова шпанска серија под назив “Сагата на Супермен“.

Имено, центарот на Л.А Лејкерси Двајт Хауард го одбил предлогот на ГМ на Лејкерси Мич Купчак да седнат на маса и да се договорат околу новиот договор. Нему актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната по што станува слободен играч.

“Што беше потребно да се каже на таа тема, јас кажав. Мислам, сега сум посветен само на овој тим, тоа е единствена работа која е важна за мене моментално. Ништо друго не е важно. Гледам на следниот натпревар и барам начин како да победиме. Приоритет ми е да ја завршиме успешно оваа сезона, а што ќе биде после, ќе видиме“,

остана закопчан до грло Двајт Хауард.

“Нема потреба да се вратиме на таа приказна... Само правиме без потребен циркус“,

вели Хауард како да не е свесен дека циркусот го прави исклучиво тој, поради што не сака да каже дали ќе остане во Лејкерси или не.

“Овде сум сега, тоа е најважно. Така да нема потреба да го забрзуваме ритамот. Одам чекор по чекор, не сакам да размислувам многу за иднината“,

вели Хауард и ја додаде онаа “излижана“ фраза:

“Овде сум и ќе направам се за тимот да избори плеј-оф“

вели суперѕвездата на Лејкерси кој изјави дека не е задоволен со начинот на кој навивачите на тимот го прифатиле:

“Не можам да кажам дека сум задоволен од тоа како сум прифатен, но ги разбирам навивачите. И тие сакаат да ставам потпис на нов договор. Јас можеби очекувам овде да ја завршам кариерата, но тоа е одлука која ке ја донесам друг пат. Не сакам сега да давам празни ветувања“,

вели Хауард и за крај додаде:

“Мора да се фокусираме на теренот, а не на некои приказни надвор од него. Мораме да гледаме дека сме веќе во плејофот и да ја освоиме титулата. Тоа не може да се каже веднаш. Јас останувам сконцентриран на сегашноста, не живеам во иднината“

заклучи Хауард.

0 comments:

Post a Comment