Home » , » Двејн Вејд: “Не ми смета тоа што ЛеБрон има повеќе медиумско внимание“

Двејн Вејд: “Не ми смета тоа што ЛеБрон има повеќе медиумско внимание“

Written By Anonymous on 12.2.13 | 20:33


Двејн Вејд беше во центарот на вниманието полни 7 сезони, но работите се сменија. Вниманието сега е свртено кон ЛеБрон Џејмс, неговиот соиграч кој во последно време игра како суперхерој.

Партиите на ЛеБрон изгледа дека го ставаат Вејд во сенка, иако и Вејд игра доста добро, на ниво.

“Не барам да бидам на насловните страни, иако играм како што треба. Џејмс може да го преземе целото внимание, немам проблем со тоа“,

вели Вејд. Џејмс игра толку добро што Вејд минатата недела беше апсолутно “игнориран“. Даваше по 24.8 поени, 6.0 скока и 5,8 асистенции

Додека медиумте константно го следеја одличниот процент на шут на Џејмс, Вејд шутираше “тивки“ 51% од поле. Џејмс врза 5 натпревари со +30 поени, и така влезе во историјата на франшизата на Мајами.

0 comments:

Post a Comment