Home » , » Џералд Грин: “Сакав нешто ново, но не успеав“

Џералд Грин: “Сакав нешто ново, но не успеав“

Written By Anonymous on 17.2.13 | 17:31


Крилниот кошаркар на Индијана Пејсерс, Џералд Грин, важеше за еден од фаворитите на натпреварот во атрактивно забивање кој вчера беше одржан во Тојота Центарот во Хјустон.

Иако овој човек скока толку што и главата често му оди над обрачот, тој вчера не успеа да влезе во финалето. Причина за такво нешто беше тоа што не успеа во намерата да изведе до сега невидено забивање.

Имено, Грин ја исече мрежата од обрачот, сите се прашуваа зошто го прави тоа. А потоа во наредните 1.30 минути пробуваше да забие со една рака, а потоа со другата повторно да ја фати и да ја забие. Меѓутоа, во намерата не успеа.

“Сакав да изведам нешто што беше претешко...Јас пораснав гледајќи ги луѓето кој на овој натпревар изведуваа нови работи, и секоја година беше потешко и потешко. Знаев дека доколку го изведам тоа што го наумив, ќе добиев највисока оценка“,

вели Грин. Тој за предвиденото време не успеа да го направи она што го имаше замислено, а за да ја искористи последната шанса, повторно проба и успеа.

“Не сакав да отстапам од мојата замисла. Бев во ситуација на се или ништо. Беше ситуација како на покер, ставив се и изгубив“,

објасни Грин. Кога ќе се погледне ова забивање кое го изведе Грин, навистина е жално што судиите не го рачунаа. Нема сомнение дека направи нешто тешко и до сега невидено.

0 comments:

Post a Comment