Како и секоја година, Ол Стар викендот ќе соборува рекорди. Според најавите на официјалниот сајт на НБА лигата, натпреварот ќе биде пренесуван на 200 земји и тоа на 47 различни јазици.
Не постои ниту еден друг начин да ги видите 24те најдобри кошаркари на НБА лигата на едно место, во ист момент, освен да го изгледате овој натпревар. Освен тоа, ова е единствена прилика, да ги видите ѕвездите како играат за “својата душа“, а не за резултатот, така да спектаклот е загарантиран. Честа да го предводи Западот ќе ја има Грег Попович, додека Истокот ќе биде предводен од Ерик Сполстра.
Еве го и спискот на двата тима:
Исток - стартери:
Двејн Вејд (Мајами Хит)
Кармело Ентони (Њу Јорк Никс)
ЛеБрон Џејмс (Мајами Хит)
Крис Бош (Мајами Хит)
Кевин Гарнет (Бостон Селтикс)
Исток - резерви:
Џру Холидеј (Филаделфија Севенти Сиксерс)
Кајри Ирвинг (Кливленд Кавалирс)
Пол Џорџ (Индијана Пејсерс)
Луол Денг (Чикаго Булс)
Брук Лопез (Бруклин Нетс)
Џоаким Ноа (Чикаго Булс)
Тајсон Чендлер (Њу Јорк Никс)
Запад - стартери:
Крис Пол (Лос Анџелес Клиперс)
Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)
Кевин Дурант (Оклахома Сити Тандер)
Блејк Грифин (Лос Анџелес Клиперс)
Двајт Хауард (Лос Анџелес Лејкерс)
Запад - резерви:
Тони Паркер (Сан Антонио Спарс)
Расел Вестбрук (Оклахома Сити Тандер)
Џејмс Харден (Хјустон Рокетс)
Дејвид Ли (Голден Стејт Вориорс)
ЛаМаркус Олдриџ (Портланд Траил Блејзерс)
Зек Рендолф (Мемфис Гризлис)
Тим Данкан (Сан Антонио Спарс)
Натпреварот со почеток од 02.00 ќе можете да го проследите на Спорт Клуб, а доколку не сте во можност, можете натпреварот да го следите на линковите подолу.
0 comments:
Post a Comment