На теренот помина 7 минути, даде 6 поени, но за овој човек, кој настапи во “Тојота Центарот“ и стигна до 15 Ол Стар настап, ова беше само губење на време. Во неговите мисли постои само еден тим, оној “зелениот“.
“Се беше супер за време на викендот. Уживав. Но, морам да кажам дека во мојата глава постоеше само еден клуб. Цело време мислев на Бостон и натпреварот со Денвер кој не очекува во вторник. После тоа играме со Лејкерси, а тоа е само второ полувреме од натпреварот со Нагетси“,
рече Кеј Џи по натпреварот кој максимално е заангажиран за својот тим. После Ол Стар паузата, Бостон игра со Лејкерси и Денвер, тимовите кој “зелените“ неодамна ги срушија за време на нивната фуриозна серија без Рондо во која победија 8 од 9 натпревари.
На крилниот центар на Селтикс му е јасно дека тимот на Док Риверс мора да продолжува да победува без Рондо за да докаже дека тимот не зависи од еден играч. Покрај тоа, Келтите фатија сјаен момент на подигнување на формата кој може да им помогне да влезат во плејофот.
“Мораме ментално да се подготвиме за Денвер. Нивниот учинок е феноменален, пред се дома, во Пепси Центарот. Мораме да бидеме фокусирани, знаеме дека мора да биде така“,
стави точка Кеј Џи.
0 comments:
Post a Comment