Home » , » Двајт Хауард: “Воопшто не сум среќен во Лејкерси“

Двајт Хауард: “Воопшто не сум среќен во Лејкерси“

Written By Anonymous on 18.2.13 | 23:05


Кошаркарите на Лејкерси немаа никакви шанси во градското дерби против Клиперси, натпревар кој се играше пред почетокот на Ол Стар викендот во Хјустон.

Клиперси победија 125-101, а по тој пораз Коби Брајант го нападна својот соиграч од тимот, поради слабата игра.

“Се чувствувам прегазено. Се надевам дека и моите соиграчи се чувствуваат така, но се надевам и дека ќе ги промениме лошите резултати во добри. Кога некој ве победува со +20 поени или +30 поени, последна работа која мора да ви биде напамет е зафрканцијата и смеењето“,

рече тогаш Коби. Коби со оваа изјава ја намени за својот соиграч Двајт Хауард, на кој камерите од ТНТ го фатија како на крајот им честита на противниците со кои се смееше, па дури и се радуваше на се што предгодеше. И тоа не е прв пат Коби и Хауард да се “зачепкаат“.

На Ол Стар викендот, повторно проговори Хауард:

“Немојте да ме прашувате за можен трејд на крајот на сезоната. Сега е во тек сезоната и сконцентриран сум на натпреварите“,

вели Хауард, но и додава:

“Мојот приоритет е да се забавувам на паркетот. Нема поубаво чувство од тоа коа се игра кошарка. Моментално? Не, не можам да речам дека сум среќен во овој клуб, тоа е вистина.“

0 comments:

Post a Comment