Home » , » Марио Чалмерс уште еднаш вели дека е дел од елитните плејмејкери

Марио Чалмерс уште еднаш вели дека е дел од елитните плејмејкери

Written By Unknown on 4.2.13 | 21:11

Како тренер, сакате вашите играчи да бидат самоуверени и да веруваат во себе и во своите способности. Бидејќи како кошаркар, неможеш да играш во НБА без малку "возвишеност" или како што милуваат Американците да кажат "swagger".

Марио Чалмерс има доволно "swagger" за 10 НБА играчи заедно. Уште еднаш тој потврди дека според него бил во најдобрите 10 плејмејкери во НБА.

“Јас би рекол во ТОП 10“ - Плејмејкерот на Мајами Хит одговори на прашањето каде се рангира самиот.

“Не сум во долниот дел (на ТОП 10), јас сум некаде во средината. Едноставно имам доверба во себе. Мислам дека можам да се натпреварувам со најдобрите од нив... Така се чувствувам јас, без разлика што луѓето мислат или ќе кажат.“ - изјави Чалмерс.

Чалмерс е впрегнато помошно куче во машинеријата на Мајами Хит, остварувајќи 7.7 поени и 3.4 асистенции во просек по натпревар. Нема да ви набројуваме десеттина играчи што се подобри од него, направете си го тоа самите.

Но ова е нормално, што очекувавте вие да изјави, “Мислам дека сум во ТОП-25 плејмејкери во НБА“ ? Секако дека не.

Многу од споредните играчи во НБА мислат дека се подобри од тоа што реално се, ако им се отвори вистинска шанса да напредуваат. Не да стигнат до врвот, туку да станат подобри од порано. Но, повеќето од нив што ги имаат потребните средства, не го кажуваат тоа јавно.

Чалмерс си е Чалмерс. Барем е корисен за Хит.

0 comments:

Post a Comment