Home » , » Кевин Гарнет не е ни блиску до Клиперси

Кевин Гарнет не е ни блиску до Клиперси

Written By Anonymous on 4.2.13 | 20:37


Иако според некои со трампата со која Гарнет би заминал во Клиперси, а Бледсо и Керон Батлер во Бостон е од корист и за двата тима, затоа што Клипеси ќе добијат искусен центар под кошевите кој знае како се освојува титула а Селтикси пак ќе добијат млад динамичен плеј со огромна желба да се докаже во НБА, а бо Батлер пак добиваат искусен ветеран и солиден шутер.

Од друга страна пак информациите кои доаѓаат од извори блиски до тимовите велат дека оваа трампа не е ни блиску до остварување. Се шпекулира дека најавената трампа како информација произлегла од страна на таборот на Клиперси, затоа што Селтикси не планираат во никаков случај да се откажат од услугите на Кевин Гарнет.

Сепак доколку оваа трампа се случи тоа ќе значи дека Клиперси и дефинитивно се откажуваат од услугите и довербата во ДеАндре Џордан, кој од натпревар во натпреватсе помалку време поминува на паркетот во моментите кога се решава натпреварот.

0 comments:

Post a Comment