Но кога се работи за Купчак, нешто навистина ве тера да поверувате. Посебно по изјавата за „Newsday“ во која сосема јасно ги кажува своите ставови и намери.
“Ние не планираме да извршиме измени во тимот, а под тоа се подразбира и останување на Двајт Хауард во тимот. Едноставно немаме такви намери и тешко дека ќе смениме некој од нашите главни играчи. Да се направи измена во ова време од сезоната, знаејќи дека сме далеку од осмата позиција која води до плејофот, само ќе ја влоши ситуацијата. Талентот е тука, во тимот, а ние треба да го најдеме начинот за тој да функционира.“ - изјави Купчак.
Купчак е во право - по периодот на промени во тимот, Лејкерс допрва почнуваат да сфаќаат како да ги искористат своите ѕвезди тимски и тоа да функционира. Дали тој систем ќе остане функционален или не, ќе видиме. Но последно нешто што им треба во моментов е измена во тимот.
Исто така, Лејкерс нема да го трејдуваат Хауард, под никакви услови. Тие се одлучни да му понудат нов договор летово и тоа како играчот кој би го заменил Коби по пензионирањето. Сите други информации за Двајт се само желби и шпекулации од другите тимови. Тимовите кои испратија понуди или пак се јавија, беа културно одбиени од Купчак.
Единствено што не треба да ве шокира се неколкуте потези кои Лејкерси би можеле да ги повлечат летово (вклучувајќи го и трејдот на Гасол, иако и тоа може да им зададе финансиски проблеми и е малку веројатно). Лејкерси, иако имаат потреба од повеќе атлетски играчи за системот на Д’Антони да функционира подобро, во моментов им е потребна стабилност многу повеќе. Затоа, за оваа сезона, ова е тимот со кој Лејкерси треба да се изборат за плејоф позиција.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment