Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Дражен Петрович беше најдобриот играч од ’страна’ во НБА лигата“

ЛеБрон Џејмс: “Дражен Петрович беше најдобриот играч од ’страна’ во НБА лигата“

Written By Anonymous on 21.2.13 | 14:57


Крилниот играч на Мајами Хит, ЛеБрон Џејмс е уверен дека бившиот репрезентативец на СФР Југославија, а потоа и Хрватска, Дражен Петрович беше најдобар играч од “страна“ во историјата на самата лига.

Дражен Петрович најпрво во НБА лигата ги бранеше боите на Портланд Траил Блејзерс, но во тој клуб не добиваше голема шанса бидејќи во тимот играше легендарниот Клајд Дрекслер. По тоа премина во Њу Џерси Нетс, каде остана се до загинувањето.

“Дирк или Петрович, некој од нив двајца е најдобар. Сепак мислам дека тоа е Дражен Петрович. Да, да, тој е најдобар. Беше одличен шутер и многу снажен играч. Не се плашеше од ништо. Не се плашеше од одлучувачките моменти, беше фантастичен“,

вели ЛеБрон Џејмс. Петрович кариерата ја започна во Шибеник, а потоа играше за Цибона и Реал Мадрид. Во 1989 година стигна до Блејзерси каде се мачеше две сезони, за да во дресот на Нетси да стане еден од најдобрите. Тој просечно бележеше 15.3 поени заедно со 2.4 асистенции и 2.3 скока, а во негова чест Нетси го повлекоја дресот со број 3.

0 comments:

Post a Comment