Во спротивна насока заминаа Томас Робинсон, Франциско Гарсија и Тајлер Ханикат. Оваа вест ја потврди претседателот на кошаркарските операции на Кингси Џеф Петри.
Патерсон беше 14. пик на драфтот во 2010. година, а во текот на оваа сезона просечно бележи 11.6 поени, 4.7 скока и 1.1 асистенција. Олдриџ е снажен центар, поранешен студент на Канзас, кој исто така во 2010. година дојде во НБА лигата како 11. пик, одбран од Тандер, но не се наигра во својата кариера. Даглас е бек кој ја игра својата трета сезона во која бележи 8.1 поен, 1.8 скока и 1.9 асистенции по натпревар.
Од друга страна Гарсија е ветеран кој ја игра својата 8 сезона во НБА лигата и беше играч со најдолг стаж во Кингс. Избран е во 2005. година како 23. пик, а студираше на универзитетот Лујвил. Во текот на кариерата бележи 8.3 поени. Робинсон е руки од Канзас кој беше избран минатата година како 5. пик, но не доби шанса во Сакраменто. Ханикат е играч кој ја игра својата втора сезона, студираше во УЦЛА.
Покрај оваа размена, Рокетси го пратија крилниот играч Маркус Морис во Феникс за иден пик од втората рунда. Овој софмор во Аризона ќе игра со својот брат близнак Маркиф Морис.
0 comments:
Post a Comment