Home » , » Кевин Гарнет надвор од терените 2 недели поради повреда на глуждот

Кевин Гарнет надвор од терените 2 недели поради повреда на глуждот

Written By Anonymous on 25.3.13 | 23:19


Дени Ејнџ објави дека Кевин Гарнет страда од повреда на левиот глужд и би можел да ги пропушти следните две недели. Ејнџ верува дека Кеј Џи се повредил во натпреварот против Хорнетси, а играше и 29 минути во поразот против Маверикс и го пропушти натпреварот против Гризлис пред да се направат овие тестови. 

Се огласи и тренерот Док Риверс кој рече дека Гарнет ќе биде надвор од терените неодредено време, но навивачите на Бостон не мора да се грижат и дека не станува збор за сериозна повреда која би значела крај на сезоната за Кеј Џи. Се изјасни дека ќе прифати и нешто поголем одмор на Кеј Џи, само за да се опорави до крај.

Во меѓувреме Бостон се наоѓа на 7. место на Истокот со две победи пред Бакси. Секако сакаат да ја избегнат 8. позиција поради дуел со Мајами, како и сите останати екипи. Ако Гарнет биде две недели надвор од теренит, неговото место со задоволство ќе го земе добро расположениот Џеф Грин.

Во текот на оваа сезона Гарнет бележи 14.9 поени, 7.8 скока и 2.3 асистенции по натпревар, тој е клуч на одбраната на Селтикси, играч без кој Селтикси е невозможно да се замислат, и кој се изјасни дека до крајот на животот ќе остане со зеланата боја.

0 comments:

Post a Comment