Home » , » ЛеБрон Џејмс и Џејмс Харден најдобри изминатава недела

ЛеБрон Џејмс и Џејмс Харден најдобри изминатава недела

Written By Unknown on 25.3.13 | 22:21

ЛеБрон Џејмс и Џејмс Харден се прогласени за најдобри играчи во западната, односно источната конференција за натпреварите одиграни од 18ти до 24ти Март.

ЛеБрон Џејмс им помогна на Мајами Хит да слават 4 пати без пораз и да ја продолжат серијата на 26 последователни победи, што всушност е втора најдолга во историјата на НБА лигата и само 7 натпревари ги делат од рекордот на 71/72' Лејкерс од 33 последователни победи. Џејмс беше феноменален во сите 4 натпревари, бележејќи просеци од 30.8 поени, 10.0 асистенции, 8.8 скока, 2.5 украдени топки и 2.0 блока, додека реализираше 59% од поле. Го забележа четвртиот трипл-дабл оваа сезона против својот поранешен тим Кливленд, кога постигна 25 поени (14 во 4/4), 12 скока и 10 асистенции, откако Мајами се врати од негатива од -27 за да слави над Кавалирс на 20. Март. Исто така, постигна 37 поени и 12 асистенции кога Хит се вратија од -17 за да слават во Бостон на 18. Март. Ова е "само" шеста ваква награда за ЛеБрон Џејмс оваа сезона.

Џејмс Харден пак, ги одведе своите Рокетси до недела од 3-0, во која постигнуваше по 26.0 поени, 4.0 скока и 3.7 асистенции. Постигна 29 поени во победата против Јута на 20. Март, погоди за победа против Спарс, во натпревар во кој што постигна 29 поени, 9 скока и 6 асистенции. Трет пат оваа сезона Џејмс Харден добива награда за најдобар индивидуалец во текот на една седмица.

Други номинации за играчи на неделата беа: Ал Хорфорд, Брук Лопез, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и ЛаМаркус Олдриџ.

0 comments:

Post a Comment