Home » , » Џорџ Карл: “Под итно треба да се укинат границите помеѓу конференциите“

Џорџ Карл: “Под итно треба да се укинат границите помеѓу конференциите“

Written By Anonymous on 26.3.13 | 13:59


Тренерот на Денвер Наагетс е уверен дека НБА лигата би требало да ги тргне границите помеѓу Истокот и Западот. 

Тој смета дека сите 16. тимови кои би учествувале во плејофот, би требало да играат меѓусебно, без обзир дали се од Истокот или Западот по ист систем како и сега: првиот со последниот и така натаму..

Предлогот на Џорџ Карл е едноставен: сите тимови во ист кош, и да се игра плејоф како и сега.

“Мислам дека сите клубови би требало да играат меѓусебно. Убаво е да се видат сите 16 тимови заедно и да играат како што играа и во регуларниот дел“,

смета Карл. Суштински, смета тренерот на Денвер, ништо не би се сменило, освен што НБА лигата би била порамноправна.

“Се останува како и сега. Само тимот со најдобриот учинок од НБА игра со оној последниот, 16. на табелата. И така по ред: вториот со петнаесетиот и така натаму“,

тој смета дека клубовите би можеле да се натпреваруваат во “Фајнал Фоур“. Во тој случај, би било можно сите 4 тима од Ф4 да се од иста конференција, но, смета тренерот на Денвер дека тие 4. тима се најдобри во НБА лигата.

“Мислам дека системот би ги воудушевил навивачите. Навистина би било рамноправно, а покрај тоа и лудо. И така веќе сега патуваме со приватни авиони, НБА лигата би можела место за распоред на денот, два поголеми одмори. Навистина би било забавно да се видат такви дуели во плејофот.“

завршува Џорџ Карл.

Плејофот по системот на Џорџ Карл:

Во овој момент да започне плејофот и да се игра по системот на Џорџ Карл еве како би изгледала првата рунда:

Мајами Хит - Милвоки Бакс
Сан Антонио Спарс - Л.А Лејкерс
Оклахома Сити Тандер - Бостон Селтикс
Денвер Нагетс - Чикаго Булс
Л.А Клиперс - Атланта Хокс
Мемфис Гризлис - Хјустон Рокетс
Њу Јорк Никс - Голден Стејт Вориорс
Индијана Пејсерс - Бруклин Нетс

0 comments:

Post a Comment