Home » , » Мета Ворлд Пис паузира 6 недели

Мета Ворлд Пис паузира 6 недели

Written By Anonymous on 27.3.13 | 21:10


Ако сакате да дознаете каква е блиската иднина на Лејкерс, ќе ви кажеме дека на вчерашниот тренинг, во стартната петорка играа Неш, Коби, Микс, Гасол и Хауард. За жал, Мета Ворлд Пис пропушти уште еден тренинг.

Откако го пропушти второто полувреме во дуелот против Голден Стејт во понеделникот, констатирано беше дека МВП всушност го искинал менискусот во коленото. Тимот ја официјализира повредата, и објави дека Мета Ворлд Пис ќе мора да оди на операција на коленото и дека ќе пропушти 6 недели.

Ова е голема загуба за Лејкерси поготово кога сега се во битка за 8. место на Западот заедно со Јута и Далас кои се во добра форма, поготово тимот на Маверикс.

Ворлд Пис може да го рашири теренот со неговото шутирање (35% од линијата за 3 поени оваа сезона), а исто така тој е и важен дел од нивната одбрана. Мета не игра спектакуларна, но игра солидна сезона и многу важен дел од играта на ЛА Лејкерс.

0 comments:

Post a Comment